Регион

САД привремено му ја продолжија лицената на Лукоил Бугарија

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД издаде нова лиценца со која се дозволува продолжување на трансакциите поврзани со продажбата на меѓународните средства на Лукоил до 13 декември.

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД издаде нова лиценца со која се дозволува продолжување на трансакциите поврзани со продажбата на меѓународните средства на Лукоил до 13 декември. Во исто време, четири компании на Лукоил кои работат во Бугарија добија продолжена лиценца за работа до 29 април 2026 година.

До истиот датум, дозволени се и активности поврзани со продажба, одржување и работење на бензинските пумпи на Лукоил во странство. Со тоа, OFAC ги продолжи одобренијата за работење на бугарските подружници – Лукоил Нефтохим Бургас, Лукоил Бугарија, Лукоил Авиејшн Бугарија и Лукоил Бугарија Бункер, како и сите структури во кои овие компании поседуваат најмалку 50 проценти од акциите.

Лиценцата вклучува трансакции со Роснефт како дел од проектот за експлоатација на нафтеното поле Карачаганак во Казахстан. Претходно, САД дозволуваа такви операции само на Конзорциумот за Касписки гасовод и Тенгизчевроил.

Во соопштението на Лукоил се наведува дека компанијата води преговори со неколку заинтересирани купувачи за продажба на своите меѓународни средства. Конечните аранжмани ќе бидат објавени по постигнувањето на договор и добивањето на потребните регулаторни одобренија. Компанијата тврди дека презема сите мерки за да обезбеди непречено работење во текот на периодот на продажба и пренос на средства, да спречи прекини во снабдувањето со енергетски производи и да ги одржи работните места.

Во исто време, трговската компанија „Гунвор“ објави дека ја повлекува својата понуда за купување на меѓународните деловни операции на „Лукоил“.

Најнови вести од: Регион

Косово обвини 20 лица за воени злосторства во Ѓаковица, меѓу нив и Милан Радоичиќ

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против 20 лица за воени злосторства извршени во Ѓаковица во 1998 и 1999 година, а според Радио Слободна Европа меѓу обвинетите е и поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ

Радев: Во Втората светска војна Бугарија ја спаси целата своја еврејска заедница од ужасите на нацистичките логори!

Бугарија има долга традиција на етничка и верска толеранција, а нејзините институции категорично ги осудуваат манифестациите на говор на омраза, ксенофобија, расизам и антисемитизам, порача бугарскиот премиер Румен Радев како одговор на новинарско прашање за инцидентот во Банско со група млади Евреи од Италија. Инцидентот се случил во познатото бугарско одморалиште на 2 август, додека во градот се одвивал големиот џез фестивал.

To top