Регион

Се „спукаа“, Авганистанци и Пакистанци во мигрантски камп во Босна

Шест илелегални мигранти се повредени во прифатен центар во близина на Сараево за време на судир што избувна ноќта помеѓу понеделник и вторник, потврдија полициски и болнички извори. Во конфронтацијата меѓу мигрантите било употребено и огнено оружје, а полицијата веднаш реагирала и започнала потрага по други учесници во судирот и сведоци. Полициските службеници пронашле шест […]

Шест илелегални мигранти се повредени во прифатен центар во близина на Сараево за време на судир што избувна ноќта помеѓу понеделник и вторник, потврдија полициски и болнички извори.

Во конфронтацијата меѓу мигрантите било употребено и огнено оружје, а полицијата веднаш реагирала и започнала потрага по други учесници во судирот и сведоци.

Полициските службеници пронашле шест повредени лица на местото на судирот во прифатниот центар во Блажуј.

Сите биле пренесени во болница, каде лекарите констатирале дека петмина од нив се здобиле со тешки телесни повреди, а двајца од нив се во критична состојба поради сериозноста на повредите.

Полицијата потврди дека во конфронтацијата учествувале мигранти од Пакистан и Авганистан.

„Полициската управа на округот Сараево моментално има неколку лица во статус на осомничени“, изјави портпаролката на полицијата Мерсиха Новалиќ.

Најнови вести од: Регион

Кос ја „предупреди Турција“: Задушувањето на опозицијата, ЛГБТ-заедницата и медиумите ве оддалечува од ЕУ!

„Неодамнешните случувања поврзани со слободата на печатот, ЛГБТИК+ правата и локалната демократија, дополнително го зголемуваат јазот меѓу Турција и нејзината цел за приклучување кон Европската Унија“, рече еврокомесарката за проширување на ЕУ Марта Кос во турскиот град Едрене, во близина на границата со Бугарија.

To top