Регион

Серија тешки сообраќајни несреќи и во Чешка: Возила се судирале во густа магла, пожарникари бегале да спасат жива глава (ВИДЕО)

Пожарникарите дошле да спасуваат луѓе во удрените возила

Серија тешки сообраќајни несреќи се случија за кратко време на автопатот Д1 во Чешка, во близина на градот Вишков. На делницата наеднаш падна густа магла, а коловозот беше подмрзнат.

Пожарникарите кои во неделата наутро пристигнаа на лице место за да ги спасуваат луѓето од удрените возила, самите се најдоа во голема опасност.

Само неколку минути по првите судири, нови возила продолжуваа да налетаат во густата магла.

Драматичните снимки од овие моменти ги објави Чешката противпожарна служба. Според пожарникарите, само благодарение на среќни околности не дошло до уште потешки последици.

Во речиси исти услови – густа магла и намалена видливост – денеска се случи серија верижни несреќи и на автопатот „Тракија“ во Бугарија. Таму загинаа најмалку 12 лица, а околу 50 беа повредени. Поради трагедијата, во Бугарија утре е прогласен ден на жалост.

Најнови вести од: Регион

„Кауфланд“ казнет со рекордни 76 милиони евра во Бугарија – вршел притисок врз сите, компанијата се заканува со стопирање на инвестициите

Одлуката следува по повеќемесечно истражување на пазарот на храна, кое бугарскиот регулатор го започнал во јуни 2025 година, со посебен фокус на цените, трговските маржи и договорните односи меѓу големите синџири и производителите.

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

To top