Регион

По Црна Гора, Хрватска со барања и од новата власт во Србија

Откако на Подгорица ѝ постави осум услови за довршување на преговорите со ЕУ, Загреб со седум барања до Студентската листа

Откако на Црна Гора ѝ постави осум услови за довршување на преговорите за членство во Европската унија, Хрватска подготвува седум барања и за новата власт на Студентската листа во Србија, објави српскиот весник „Данас“.

Барањата до Србија се:

– Да се ​​расветли судбината на 1.725 исчезнати лица.

– Да се ​​отворат воените архиви и архивите од воениот период.

– Да се ​​процесуираат воените злосторства.

– Да се ​​обештетат поранешните затвореници во логори.

– Да се ​​исплатат воени репарации.

– Да се ​​воведат задолжителни квоти за хрватското малцинство.

– Да се ​​загарантираат 3 пратенички места за хрватското малцинство.

– Да се ​​обезбеди застапеност на хрватското малцинство во Владата и во извршните органи.

Најнови вести од: Регион

Врачарскиот клан се закани дека ќе го убие Александар Вучиќ!

Шефот на пратеничката група „Србија победува“ Александар Вучиќ денес изјави дека Врачарскиот клан му испратил најсериозни закани со смрт и додаде оти нема на кого да го пријави тоа бидејќи, како што вели, „полицијата е преземена од улицата и од Студентската листа“.

Уапсените за подготвување атентати во Грција се поврзани со косовската УЧК?! – Еден од нив ја нападнал полициската станица кај Гошинце во 2015!

Членови на мрежата, поврзана со Иран, што ја разбија разузнавачките служби на Македонија и Грција, за која се верува дека подготвувала атентат врз грчки бизнисмен од иранско потекло, во минатото биле поврзани со Ослободителната војска на Косово, тврдат извори на грчкиот весник „Катимерини“.

To top