Регион

Шест ритуални убиства во Бугарија?

Истражителите се сомневаат дека еколошката невладина организација што ја поседувала колибата е поврзана со култ во кој се вклучени тинејџери и деца.

Бугарските власти истражуваат убиство на шест лица поврзани со еколошка невладина организација, а полицијата соопшти дека истражува неколку верзии за настаните, вклучувајќи ја и можноста убиствата да биле поврзани со култ.

На почетокот на февруари, полицијата пријави убиство на три лица во планинска куќа во сопственост на невладина организација, која се наоѓа во близина на превојот Петрохан, објавија бугарските медиуми.

Во тоа време, беше издадена потерница за тројца осомничени, вклучувајќи го директорот на организацијата и сопственикот на куќата, Ивајло Калушев, кој, според полицијата, избегал од местото на злосторството.

Според бугарските медиуми денеска, Калушев, 15-годишно момче, и 22-годишен маж биле пронајдени убиени во кампер во шумата, а случајно биле откриени од овчар.

На местото на настанот моментално се во тек истражни дејствија, а полицијата го опколила подрачјето. Досега нема официјални изјави во врска со овој нов инцидент.

Претходно, вршителот на должноста главен обвинител на републиката, Борислав Сарафов, ги презентираше деталите од истрагата за инцидентот во „колибата на ужасите“, споредувајќи го со американската ТВ серија „Твин Пикс“.

„Работам како истражител и обвинител 31 година и видов многу, но она што го гледам сега дефинитивно ме шокира. Покрај тоа, бев шокиран не само од убиството, туку и од активностите на невладина организација која, очигледно, се обидела да ја преземе работата на државните органи, но дејствувала во свои интереси“, рече претходно Сарафов.

Тој нагласи дека не можел да претпостави дека нешто вакво постои.

На 4 февруари, полицијата потврди дека три тела со прострелни рани се пронајдени во близина на колибата во близина на Петрохан.

Според податоците од обдукцијата, се претпоставува дека поминале помеѓу 12 и 18 часа помеѓу убиството и откривањето на телата на трите жртви.

Голем број огнено оружје е пронајдено во колибата, која е речиси целосно изгорена.

Колибата инаку била силно обезбедена – огради, бариери, безбедносни камери и опрема за надзор, вклучувајќи дронови.

Мажите што живееле таму тврделе дека „ја штитат шумата и животната средина“, честопати ги запирале туристите и локалното население, барајќи лична карта и ограничувајќи го пристапот до областа.

Истражителите се сомневаат дека еколошката невладина организација што ја поседувала колибата е поврзана со култ во кој се вклучени тинејџери и деца.

(МИА)

Најнови вести од: Регион

Мосад им доставил информации на Грција и Македонија за иранската мрежа, што подготвувала обид за атентат во Грција

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад им доставила информации на Грција и Македонија за мрежата поврзана со Иран, што наводно подготвувала обид за атентат во Грција, објави израелскиот портал Ynet, повикувајќи се на свои извори.

Главниот дел од истрагата за разоткривањето на иранската мрежа го воделе безбедносните служби на Македонија

30-годишен македонски државјанин, кој бил прогласен за непожелен од безбедносни причини во Грција бил уапсен на крајот на октомври со автомобил со македонски регистарски таблички се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција преку копнениот граничен премин во областа Еврос

Ива Михајлова: „Јави ми се веднаш, зашто сите ќе умреме уште вечерва“(ВИДЕО)

Ова била една од пораките што јутјуберот Цанов ги добил од Михајлова само неколку минути откако тој го објавил првото видео, во кое Ива зборуваше за наводен притисок од безбедносните служби во Бугарија

To top