Регион

Силен земјотрес ја стресе Света Гора (ВИДЕО)

Во моментот на земјотресот во храмот се служела служба на Великиот канон, а и светогорските монаси и поклоници во страв излегле надвор

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер е регистриран на Света Гора, малку по 9 часот синоќа.

Штети пријавуваат монаси во старите скитови и келии, додека поклониците велат дека земјотресот траел и дека на крајбрежните места бил проследен со татнеж. За јачината на татнежот сведочи и видео кое го објави Вориа, снимено со безбедносна камера во катизмата на Свети Трифон, која се наоѓа на 400 метри од заземениот манастир Есфигмен.

„Беше прилично силен земјотрес и почувствувавме дека потресот доаѓа одоздола нагоре. Траеше и нè исплаши. Лустерите се нишаа ваму-таму, а некои ситни предмети паднаа. Потоа следеа земјотреси со пократко траење и послаб интензитет. Генерално, владее вознемиреност“, изјавиле монасите за порталот Вориа.

Од потресот се појавиле бројни пукнатини на старите згради, додека дел од лустер се одвоил во манастирот Есфигмен, кој е посветен на Успението на Богородица.

Соред грчките медиуми, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 8 километри северозападно од Кареја на Света Гора, додека длабочината на жариштето била на 5 километри, а земјотресот бил почувствуван во Солун, а потоа следеле уште три последователни потреси, од кои најсилниот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтер.

Земјотресот бил почувствствуван и во Софија и во делови од Македонија.

Најнови вести од: Регион

Завршува ли златниот период за хрватскиот туризам?!

Туристите со поскромен буџет, кои порано доаѓале десет дена, сега го скратуваат својот престој на пет дена за да заштедат пари, додека многумина целосно го заобиколуваат хрватскиот брег, каде што, пивото во продавница чини двојно повеќе отколку во Германија, пренесува Еуроњуз Србија.

To top