Регион

Странските работници ќе мора да положат испит за знаење на хрватски јазик

За македонските работници деталите околу курсевите и испитот допрва ќе се регулираат, но трендот е јасен: продолжувањето на дозволата ќе зависи од минимално познавање на јазикот

Хрватската влада предложи измени на Законот за странци со кои за државјаните на трети земји се воведува обврска за учење и полагање испит по хрватски јазик како услов за продолжување на дозволата за престој и работа.

По една година престој, странски работник ќе треба да положи испит на ниво A1.1, доволно за наједноставна секојдневна комуникација.

Измените предвидуваат и полесна промена на работодавач (по шест месеци работа без нова дозвола), проширена можност за промена на занимање и продолжени рокови за решавање на барањата за дозволи до 90 дена.

Работодавачите ќе бидат под контрола со „црна листа“ за прекршувања, а обврската за пријавување прекин на работен однос се префрла на нив.

За македонските работници во Хрватска, деталите околу курсевите и испитот допрва ќе се регулираат, но трендот е јасен: продолжувањето на дозволата ќе зависи од минимална јазична компетенција, објасни вицепремиерот и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

Најнови вести од: Регион

Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности – важни чекори кон забрзана евроинтеграција

„Регионалната соработка, размената на идеи и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана европска интеграција.“ – објави премиерот Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил, откако присуствуваше на работниот ручек, посветен на улогата на младите во обликувањето на иднината на Западен Балкан, во рамки на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора.

Хаос и тепачка во албанскиот парламент – жесток судир меѓу пратениците на владејачката Социјалистичка партија и опозициската Демократска партија!

Пленарната седница на албанскиот парламент денеска беше прекината, поради ескалацијата на тензиите меѓу пратенците од владејачката позиција и опозицијата.

Марта Кос во Подгорица: Понекогаш се чувствувам како овчарка, која бдее над сè, што се случува во стадото!

„Треба да им кажете што да прават, тие ве слушаат… Понекогаш се чувствувам како овчарка, која бдее над сè што се случува во стадото. Имам многу моќ во оваа улога, но вистинската преобразба случува само кога луѓето ја чувствуваат – изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос пред студентите на Факултетот за политички науки во Подгорица, каде вчера одржа предавање.

Муцунски оствари средба со францускиот министер за Европа, Хадад

Ја истакнав цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција, објави шефот на македонската дипломатија

To top