Регион

Утрово спуштени рампите на грчките гранични премини

Причина за 4.часовниот штрајк на грчките царински службеници се платите и лошите услови за работа

Утрово во периодот од 05 до 09 часот царинските службеници на грчките гранични премини ќе  одржат предупредувачкиот штрајк, поради што се очекува застој на граничните премини.

Според најавите, и трите гранични премини со Македонија (Евзони/Богородица, Ники/Меџитлија и Дојрани/Дојран) се  затворени, а возила  се пропуштаат на секои десет минути.

За камионите и големиот транспосрт воопшто нема пропуштање и за влез и за излез.

Причина за штрајкот се додатоците на плата на царинските служби и лошите услови за работа. Тие бараат исплата на прекувремени часови, празнично, сменска работа и работа во викенди . Ова е на некој начин предупредувачки штрајк и се однесува на сите копнени гранични премини на Грција.

Министерството за внатрешни работи,  соопшти дека ќе се преземат сите мерки и оти ќе бидат ставени во функција сите човечки и технички капацитети, односно ке се работи по стандардни процедури  и нема да има никаков застој на македонска страна, односно се ке зависи од протокот на грчка страна.

 

Најнови вести од: Регион

Најдовски: Како книгата „Егејци“ на Кица Колбе, стана „подобна“ во Грција?

Откако јавно и гласно ја поддржа политиката на Заев и Преспанскиот договор, а потоа стана и дел од Комисијата за ревизија на историјата со Грција, книгата е добредојдена кај јуќниот сосед

To top