Регион

Важно предупредување: Целосно затворање на обиколницата околу Солун

Од надлежните институции апелираат до возачите да планираат патувањето навреме, да користат алтернативни рути и да бидат трпеливи.

Македонските граѓани кои планираат да патуваат кон Грција претстојниот викенд треба да очекуваат сериозни измени и можни метежи во сообраќајот.

Поради градежни работи на проектот за изградба на новиот надвозник, дел од обиколницата околу Солун ќе биде целосно затворен во двата правци, објавија грчките власти.

Детален распоред на затворањето:

  • Западен правец (кон центарот на Солун) – целосно затворен од петок (26 јуни) од 23:00 часот до недела (28 јуни) до 23:00 часот.
  • Источен правец (кон аеродромот и Халкидики) – целосно затворен во истиот период.
  • Надвозник Пилеа – Панорама – затворен од сабота (27 јуни) од 05:00 часот до недела до 23:00 часот.

За време на блокадата, сообраќајот ќе се пренасочува по алтернативни патишта кои минуваат низ самиот град Солун. Се очекуваат значителни метежи, особено во текот на викендот.

Од надлежните институции апелираат до возачите да планираат патувањето навреме, да користат алтернативни рути и да бидат трпеливи.

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top