Регион

Владата на Рама молчи за барањето за извинување од министер во македонската влада

Ни ,,А” ни ,,БЕ” од Тирана за скандалот во кој Албанците во Македонија се тешко навредени

Владата на Рама и албанскиот амбасадор во Скопје молчат за барањето за извинување од министерот за економија во македонската влада кој реагира на изјавата на министерот за надворешни работи на Албанија кој наводно ги прогласил македонските Албанци за идиоти.

Вчера министерот за економија и труд, кој доаѓа од редовите на ВЛЕН, Бесар Дуршими рече дека уставната обврска на Албанија е да се грижи за своите сонародници.

Дурмиши жестоко реагираше на наводната изјава на шефот на албанската дипломатија Ферид Хоџа, во која тој во групна комуникација на апликацијата „Вацап“ ги навредува Албанците од Македонија нарекувајќи ги „идиоти“.

На социјалните мрежи, Дурмиши напиша оти официјална Тирана итно треба да ја објасни скандалозната и разочарувачка реторика употребена кон Албанците кои живеат во Маедонија. За Дурмиши, потегот на Хоџа е крајно неприфатлив и спротивен на секаков етнички и професионален кодекс за еден државен претставник.

„Албанија има уставна обврска да се грижи за своите сонародници кои живеат надвор од границите на земјата. Албанците од Македонија не се соседи на омилениот официјален проект на Тирана „Отворен Балкан“, туку интегрален дел од националниот корпус“, напиша Дурмиши.

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top