Регион

Во Белград нови камери ловат зборување на телефон, неврзан појас, непрописно престигнување

Новопоставените сообраќајни камери во српската престолнина можат да евидентираат и повеќе прекршоци истовремено

Во Белград е инсталиран и поврзан нов систем од 30 сообраќајни камери, кои ќе ги евидентираат сообраќајните прекршоци, со можност да регистрира повеќе такви истовремено.

Тие ќе евидентираат пречекорување на ограничувањето на брзината во моментот, како и на просечната брзина помеѓу две точки, неносење на сигурносен појас, користење мобилен телефон при возење, возење по жолта лента, непрописно престигнување, престигнување на колона преку цела линија, возење нерегистрирано возило и поминување на црвено светло.

Податоците за прекршоците се испраќаат директно до центарот на Министерството за внатрешни работи, а сопствениците на возила добиваат казна на нивната домашна адреса или преку порталот „е-Влада“.

Во главниот град на Србија камерите евидентираат просечно 120 сообраќајни прекршоци дневно, од кои најчести се поминување на црвено светло, неносење сигурносен појас и пребрзо возење.

Камерите се поставени на фреквентни сообраќајници, на раскрсници, како и на приодите кон Белград.

Најнови вести од: Регион

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

To top