Регион

Во Грција може да се работи по 13 часа на ден – усвоен законот за „Фер работа за сите“

Грчкиот парламент го одобри спорниот закон за труд кој дозволува 13-часовен работен ден, и покрај жестокото противење и националните штрајкови. Владата изјави дека ќе ги модернизира грчките закони за труд, но портпаролот на левичарската опозициска партија Сириза го опиша законот како монструозен.

Парламентот на Грција денеска го усвои законот со кој им се овозможува на работодавачите во приватниот сектор да го продолжат работното време, наспроти протестите на граѓаните. Од вкупно 267 присутни пратеници, законот на Министерството за труд и социјална заштита насловен како „Фер работа за сите“ беше усвоен со поддршка на 158 пратеници на Нова демократија и двајца независни пратеници, Константинос Флорос и Хараламбос Кацивардас. Освен партијата Сириза, која го бојкотираше гласањето, остатокот од опозицијата го отфрли законот и 109 пратеници беа против.

Контроверзниот член 7, кој му дозволува на вработениот да работи до 13 часа на ден, го поддржаа и 156 пратеници на НДЗ и двајца независни, додека 110 пратеници беа против, од вкупно 268 кои гласаа. Законот, кој им овозможува на работодавците да воведат 13-часовни работни денови наместо сегашните осум, има за цел да го направи пазарот на трудот пофлексибилен и поефикасен, сметаат во конзервативната влада, објавува Ројтерс.

Сепак, законот предизвика два општи штрајкови овој месец, бидејќи работниците го гледаат како обид да ги поткопаат своите права во време кога се соочуваат со стагнација на платите и зголемување на трошоците за храна и кирија.

  • „Додека остатокот од Европа зборува за намалување на работното време, ние во Грција го продолжуваме“, вели 41-годишниот шанкер Темис Литрас, кој вели дека неговата кирија се дуплирала во последните две години.

Грција веќе има една од најдолгите работни недели во Европа, околу 40 часа, покажуваат бројките на ЕУ, во споредба со просекот од 34 часа во Германија или 32 во Холандија, пренесува Данас.

Грција лани воведе шестдневна работна недела за одредени индустрии во обид да го поттикне економскиот раст. Новото законодавство, кое стапи во сила на почетокот на јули, им овозможува на работниците да работат до 48 часа неделно, наместо 40.

Најнови вести од: Регион

Политико: Европската Унија планира постепена интеграција на идните членки преку економски бенефиции

Европската комисија работи на план што би им овозможил на земјите-кандидатки за членство во ЕУ пристап до одредени економски придобивки и пред формалниот влез во Унијата, изјавија неколку официјални претставници, објави денеска бриселскиот Политико.

И македонски државјанин дел од разбиен кокаински клан во Албанија

Во акцијата, издадени се налози за апсење на 10 лица, меѓу кои е и Сокол Бибај (43), еден од клучните членови на криминалната структура. Бибај се споменува и во аферата „Двојник“, кога македонските власти издавале македонски пасоши на познати криминалци од регионот и пошироко

И македонски полицајци ќе обезбедуваат мирна туристичка сезона во Албанија

Албанската државна полиција ќе ангажира 1.600 дополнителни полицајци, вклучувајќи и колеги од Македонија, од Црна Гора, од Косово и од Италија, за да се зголеми безбедноста за време на летната туристичка сезона, објави „Коха јоне“

To top