Регион

Возењето со дебела јакна веќе е прекршок во Грција

Се казнуваат и поставувањето држач за мобилен телефон на ветробранското стакло, како и оставањето торби на седиштата

Возењето со влечки/апостолки или со дебела јакна сега е прекршок во Грција, за што се изрекуваат казни.

Со примената на новиот Закон за сообраќај на патиштата во Грција практично се укинуваат помалите прекршоци.

Забрането е возачот да носи дебела јакна, бидејќи се верува дека тоа ја ограничува брзата реакција, а носењето качулка и влечки или апостолки ја намалува контролата врз воланот и педалите на автомобилот.

Сите пакети и торби, вклучително и торбите за пазарење, мора да се стават во багажникот, а не на седиштата.

Пиењето кафе додека се вози, исто така, подлежи на парична казна.

Забрането е не само разговор на мобилен телефон, туку и поставување на уредот на ветробранското стакло.

Користењето на сирената без причина е исто така казниво.

Најнови вести од: Регион

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

To top