Регион

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се судрија два хеликопитери додека гаснеа шумски пожар во Грција

Загинаа пилот и копилот, бројот на жртви достигна пет

Два хеликоптера се судрија додека гаснеа шумски пожар во Грција, при што загинаа пилотот и копилотот од еден од хеликоптерите. Во пожарите досега загинаа пет лица, а голем пожар продолжува да се шири близу Атина.

Извлечени се телата на пилотот и копилотот чиј хеликоптер експлодирал и се урнал по судир со друг хеликоптер за време на мисија за гаснење шумски пожар во Грција, соопшти грчката противпожарна служба.

Според државната телевизија ЕРТ, пилотот бил дански државјанин, а копилотот Грк. Со нивната смрт бројот на загинати во шумските пожари во Грција се искачи на пет, откако минатата недела тројца пожарникари загинаа на Крит и на Пелопонез.

ЕРТ објави снимка на која се гледа како роторот на еден хеликоптер удира во другото летало, по што тоа експлодира и во пламен паѓа на земја.

Двајцата членови на екипажот на вториот хеликоптер ја преживеале несреќата, откако пилотот успеал принудно да слета. Судирот се случил за време на интервенција при гаснење пожар западно од Атина.

Противпожарната служба соопшти дека веднаш била започната обемна операција за пребарување и спасување во близина на селото Псата.

Во меѓувреме, големиот шумски пожар, кој беснее на околу 50 километри западно од Атина, се проширил на неколку километри од градот Мегара, кој има околу 36.000 жители.

Според првичните проценки, од петокот досега изгореле повеќе од 10.000 хектари шума, како и куќи, штали и земјоделско земјиште, јавува ЕРТ.

Стотици припадници на службите за итни интервенции, меѓу кои и пожарникари од Романија и Франција, се борат со огнената стихија што беснее околу густо пошумената планина Китаирон.

Истражителите се сомневаат дека пожарот можеби бил предизвикан од искри од електрични водови кои се дел од приватна мрежа на ветерни електрани. Во рамки на истрагата се уапсени две лица.

„Постојат ситуации во кои природата и интензитетот на временските појави ги надминуваат човечкото планирање и оперативните капацитети“, напиша грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Фејсбук.

Повеќе села добиле предупредувања преку СМС-пораки за итна евакуација. Додека пожарникарите се бореле со огнот, организации за заштита на животните се обидувале да ги евакуираат домашните миленици, добитокот и дивите животни од загрозените подрачја.

Според прогнозите, ветерот треба да ослабне во текот на денот, но властите предупредуваат дека опасноста од пожари во поширокото подрачје на Атина и натаму останува многу висока.

Најнови вести од: Регион

Најава за големи демонстрации во Албанија за 28 и 29 ноември 2026! Вчера палени контејнери, Рама маван со јајца, кршена вратата на Парламентот!

Студентското движење и незадоволните граѓани продолжуваат со редовни протести пред Министерството за образование и пред Владата во Тирана, барајќи оставка од премиерот Еди Рама и промени во власта. Вчера за време на протестот во Тирана, дојде до инциденти со палење контејнери, по што полицијата уапси три лица, поведе постапки против уште 18 и изрече 44 парични казни. Организаторите го најавуваат следниот голем бран на демонстрации за празничниот викенд на 28 и 29 ноември, кога се очекува пристигнување на албанската дијаспора во Тирана за масовен марш.

Најдовски: Како книгата „Егејци“ на Кица Колбе, стана „подобна“ во Грција?

Откако јавно и гласно ја поддржа политиката на Заев и Преспанскиот договор, а потоа стана и дел од Комисијата за ревизија на историјата со Грција, книгата е добредојдена кај јуќниот сосед

To top