Регион

За влез во Грција летово ќе се чека и по 8 часа!

„Кога ќе се предаде пасошот, автомобилот се паркира на десната страна и се влегува во ходникот пред канцеларијата на граничната полиција“ – сведочи еден очевидец за новата процедура на граничниот премин Евзони

 

На Фејсбук граѓани споделуваат искуството за влез и излез во Грција со оценка дека новиот систем EES што го воведе ЕУ летово ќе ги зголеми гужвите и чекањето со часовии на, и без тоа, преоптоварениот граничен премин.

Наместо печати во пасошите, сега се бараат отпечатоци од прсти и фотографии на лицето, а истото се случува и ако се патува од Македонија во Грција, на граничниот премин Евзони, пренесува  Женски магазин

За тоа зборува и еден очевидец во Фејсбук групата кој опиша како се одвива целиот процес:

„Кога ќе се предаде пасошот, автомобилот се паркира на десната страна и се влегува во ходникот пред канцеларијата на граничната полиција “ пишува граѓанин на ФБ групата Grčka Info .

„Тука се поставени два апарати за фотографирање и оставање отпечатоци на прстите, така што се обработуваат по две лица од една колона со автомобили.

Процедурата не е долга и брзо се завршува, но најмалку се дуплира времето во однос на класичниот преглед на пасошите плус паркирањето на автомобилот и влезот и излезот од него.

Сето тоа делува невозможно во јулско-августовскиот метеж, кога и онака гужвите се огромни.

Интересно е што не ни бараа фотографирање при влезот во Грција, туку при излезот од земјата. Цариникот ми потврди дека ваква идентификација важи за села Европа. Мене лично ми изгледаше како да се фотографирав за лична карта на ЕУ во електронски облик“ – напиша корисникот на Фејсбук групата.

Во коментарите, нормално, се поставува прашањето за тоа како оваа процедура ќе се спроведува летово, кога во Грција ќе навалат автобуси, колони возила од Србија и Македонија, како и голем број камиони и товарни возила кои се упатуваат кон пристаништата…

„Ќе чекаме и по 8 часа на границите“ – стои во еден од коментарите.

Најнови вести од: Регион

Другарот на Заев, Ципрас се враќа во политиката со нова партија

Грчките медиуми пишуваат дека Ципрас во изминатите денови објавил видео-пораки од свои поддржувачи на социјалните мрежи, кои го повикуваат да се врати во активна политика, со пораки дека „во март било рано“, а „во септември ќе биде доцна“.

Криминална афера во Белград: Поранешен полициски шеф осомничен за убиство

Десет лица, меѓу кои и поранешниот началник на белградската полиција Веселин Веско Милиќ, се уапсени во врска со исчезнувањето на Александар Нешовиќ, познат како Баја, кој исчезна на 12 мај.

Премиерот Румен Радев со црвен тепих ќе ја пречека победничката на Евровизија во Софија

„Bangaranga“ не победи тесно и случајно. Официјалните податоци покажуваат дека песната завршила со 173 поени предност пред второпласираниот Израел, што Eurovision го бележи како најголема победничка разлика во историјата на натпреварот. На второто место се најде Ноам Бетан од Израел со „Michelle“, а трета беше Романија со Александра Кепитенеску и „Choke Me“.

Која е всушност Дара Јотова, пејачката што победи на Евровизија?!

Дара е родена во Варна, третиот по големина бугарски град на брегот на Црното Море, каде што дипломирала на Националното училиште за уметност. Почнала да пее како девојче, прво изведувајќи традиционална бугарска народна музика, а подоцна се свртела кон модерната поп музика.

(Видео): Бугарија победи на Евровизија 2026-та, в година Софија домаќин на спектаклот

Бугарија, која се врати по три години пауза, беше далеку од фаворит пред почетокот на раскошното европско музичко натпреварување, но сложената кореографија и заразниот рефрен на „Бангаранга“ ѝ ја донесоа првата победа на крајот. Најдобриот резултат на Бугарија досега беше второто место во 2017.

Најнови вести

To top