Регион

Зеленски срдечно пречекан од Вучиќ во првата посета на Белград

Српскиот претседател приреди вечера во чест на неговиот украински колега, а за атмосферата од пречекот сподели на Инстаграм

Почетокот на првата официјална посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белград поминува во срдечна атмосфера, што може да се види и од фотографиите што ги сподели неговиот српски колега и домаќин Александар Вучиќ.

„Задоволен сум што имам можност да го нагостам претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој е во прва официјална посета на Србија, со убедување дека оваа посета ќе придонесе за понатамошен развој на односите меѓу Србија и Украина и на соработката во областите од заеднички интерес“, напиша Вучиќ на Инстаграм, додавајќи: „Му посакав добредојде во Белград, а вечерата беше можност да се отвори разговор за теми што ќе бидат во фокусот на официјалните средби, особено европскиот пат на нашите земји, но и да се доближат гостите до духот на Србија, дел од традицијата на која сме горди“.

Најнови вести од: Регион

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

To top