Регион

Зеленски задутре во прва посета на Србија

Украински функционер ја опиша оваа посета како „симболичен напад“ врз Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ја посети Србија за прв пат на 8 август.

Српското претседателство соопшти дека тој ќе биде примен од српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во меѓувреме, како што објави агенцијата АФП, висок украински функционер ја опиша оваа посета како „симболичен напад“ врз Москва.

Србија одбива да се приклучи на иницијативите за санкционирање на Русија по почетокот на војната во Украина. Сепак, српските лидери јавно изјавија дека „ја признаваат територијалната целовитост на Украина“.

Беше најавено дека Зеленски ќе ја посети Србија во мај, но во тоа време премиерот Тарас Качка го посети Белград.

Најнови вести од: Регион

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

To top