Спорт

Чурлинов нокаутиран од претходно исклучен противнички играч во Полска (ВИДЕО)

Ибрахима Камара од Радомјак доби црвен картон и тргна кон тунелот, но се врати и го удри македонскиот репрезентативец

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов се најде во центарот на немилите сцени во финишот од првенствен натпревар во Полска како жртва на физички напад од противнички фудбалер.

Напаѓачот на Погон Шчечин заврши на тревникот по ударот од Ибрахима Камара од Радомјак, кој претходно доби црвен картон и се врати од тунелот за да се пресмета со Чурлинов.

Тензиите меѓу двете екипи кулминираа во финишот, кога им беше поништен гол на гостите, а во кошкањето меѓу играчите беше исклучен Камара, кој потоа тргна кон соблекувалната, но се премисли и го нокаутира домашниот фудбалер со три гола и една асистенција во десет настапи за Погон сезонава.

Погон победи со 4:3, а нападот од Камара врз Чурлинов е овековечен на линкот.

 

Најнови вести од: Спорт

To top