Спорт

Чурлинов со прв гол во вториот меч за Погон (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец го отвори резултатот во 17. минута во победа над Мотор од Лублин во полската лига

На Дарко Чурлинов не му требаше многу за да ги покаже своите реализаторски способности во полскиот фудбалски прволигаш Погон од Шчечин, постигнувајќи гол уште во вториот настап против Лублин на домашен терен.

Како и во дебито на гости кај Краковија пред пет дена, македонскиот репрезентативец беше стартер и го отвори резултатот во 17. минута, а на теренот помина 57 минути.

Чурлинов неодамна го замени дресот на турски Коџаелиспор со тој на тимот од полската Екстра класа, за кој потпиша договор на 2+1 година.

Првенецот на 26-годишниот скопјанец за Погон на линкот.

 

 

Најнови вести од: Спорт

To top