Спорт

Димитриевски МВП во триумфот на Валенсија над Атлетик во Билбао

Шестиот меч без примен гол на македонскиот голман ги води „лилјаците“ од опстанок кон место во еврокуповите три кола до крајот

Валенсија го победи Атлетик во Билбао со 1:0 во 35. коло од шпанската фудбалска Ла Лига, а покрај стрелецот на единствениот гол Умар Садик во 72. минута, најзаслужен за триумфот на гостите беше Столе Димитриевски, кој за шестиот првенствен меч без примен гол беше прогласен за играч на натпреварот со оценка 8,2.

Чуварот на мрежата на македонската репрезентација имаше четири брилијантни одбрани, од кои три во последниот половина час, со кои директно влијаеше за зачувување на минималната предност на некогашниот шампион на Шпанија, кој сега го делат само два бода од излез во Европа.

Ова е четврти настап сезонава во кој 32-годишниот кумановец го доби признанието за МВП на мечот, покажувајќи дека неправедно ја греел клупата по заминувањето на Ѓорѓи Мамардашвили во Ливерпул до повредата на Хулен Агирезабала, кој ќе го пропушти остатокот од сезоната.

 

 

 

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top