Спорт

Елмас и Наполи го освоија Суперкупот на Италија

„Македонскиот дијамант“ еден од најдобрите во тимот од Неапол во победата од 2:0 над Болоња во Ријад

Елиф Елмас и фудбалерите на Наполи се израдуваа на првиот трофеј сезонава, откако со победата од 2:0 над Болоња во Ријад го освоија Суперкупот на Италија.

Давид Нерес ги постигна и двата гола за тимот од Неапол, кому ова му е трета титула во ова натпреварување, прва за репрезентативецот на Македонија, кој токму во дресот на Наполи освои по еден пехар и во Серија А, како и во Купот на Италија.

„Македонскиот дијамант“ беше во почетниот состав на Антонио Конте и остана во игра до замената во 68. минута, а за прикажаното на теренот доби оценка 7,3 и беше петтиот најдобро оценет играч во победничкиот тим.

Елмас во 10. минута биеше само неколку сантиметри покрај левиот дирек, а шест минути подоцна противничкиот голман го одбрани неговиот удар по земја од далечина.

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top