Спорт

Еуфорија меѓу Македонците во Австралија – Престон лајонс освојувач на Докерти купот! (ВИДЕО)

Клубот на македонската заедница подобар од клубот на грчката Хајделберг со 3:1 во финалето за прв куп-трофеј по 34 години

Македонската заедница во Австралија е на нозе по триумфот на фудбалерите на Престон лајонс во Докерти купот по пауза од 34 години, и тоа со победа од 3:1 со пресврт над клубот на грчките емигранти Хајделберг во финалето пред 4.325 гледачи на стадионот „Лејксајд“ во Мелбурн.

До вториот трофеј за најпопуларниот спортски колектив на Македонците на петтиот континент во натпреварувањето на австралиската држава Викторија основано во далечната 1909 година „лавовите“ стигнаа со головите на Закари Чанчи во 34. минута, на Стефан Ѕини четири минути подоцна и на Лука Тевер во шестата минута од судиското продолжение.

Претходно, резултатот го отвори Николас Дуарте со погодокот во 29. минута на спротивната страна.

На патот до пехарот клубот основан како Престон Македонија во 1947 година на гости ги совлада Нунавадинг Сити со 4:0 во четвртото коло, Кејлор Парк со 3:2 во петтото и Јуни Хил иглс со 2:0 во осминафиналето, како и Керолајн Спрингс Џорџ крос дома со 6:0 во четвртфиналето и во гости Норт саншајн иглс со 1:0 во полуфиналето.

Головите на Лајонси на линковите: 1:1 Чанчи, 1:2 Ѕини и 1:3 Тевер. Кревањето на пехарот на линкот.

Најнови вести од: Спорт

To top