Спорт

Германецот што ги погоди последните три светски прваци во фудбал сега типува на Холандија

Германскиот економист и аналитичар Jоаким Клемент предвидува дека „лалињата“ во финалето на СП 2026 ќе ја победат Португалија

Јоаким Клемент, германски економист и аналитичар познат по тоа што точно ги предвид победниците на Светските фудбалски првенства во 2014, 2018 и 2022 година, објави нова прогноза за годинашниот мундијал на кој прогнозира дека нов шампион ќе биде Холандија.

Според неговите симулации, „портокаловите“ ќе ја победат Португалија во финалето и ќе ја освојат титулата светски шампион првпат во историјата. Тој очекува Холанѓаните да стигнат до финалето преку Франција и Шпанија, а Португалците преку Аргентина и Англија.

Таквото сценарио е во спротивност со повеќето традиционални прогнози, кои генерално ги ставаат Франција, Аргентина, Шпанија и Англија меѓу главните фаворити.

Холандија сè уште го носи товарот на три загубени финалиња на мундијалите во 1974, 1978 и 2010 година, па неговата прогноза предизвика одушевување меѓу холандските навивачи.

Моделот на Клемент ја имаше Германија како главен фаворит пред СП 2014 во Бразил, четири години подоцна во Русија предвиде дека ќе победи Франција, а пред СП 2022 во Катар погоди дека Аргентина ќе го освои трофејот.

За разлика од прогнозите кои базираат исклучиво на фудбалски параметри, моделот на Клемент комбинира статистички, економски и демографски индикатори за да ги процени шансите на националните тимови да ја освојат титулата.

Самиот автор постојано нагласува дека неговата формула не е непогрешлива и дека среќата, формата и бројните непредвидливи фактори сè уште имаат големо влијание во фудбалот.

Најнови вести од: Спорт

To top