Спорт

Ѓорческа ја збриша првата носителка за ново финале во Куршумлиска Бања!

Најдобрата македонска тенисерка во полуфиналето ѝ препушти само четири гема на првата фаворитка од Кипар

Како и минатата седмица, Лина Ѓорческа ќе игра во финалето во Куршумлиска Бања, и тоа откако во два сета ја елиминира првата носителка на тенискиот турнир во Србија што се игра на земјени терени и за награден фонд од 60.000 американски долари.

Ѓорческа, неделава 355. на ВТА-листата во сингл, во полуфиналето ја совлада Ралука Шербан (223.) од Кипар со 6-2, 6-2 за 74 минути игра и во мечот за трофејот утре од 10 часот ќе се бори со домашната претставничка Теодора Костовиќ (321.).

Среде налетот на првиот женски рекет на Македонија по првиот сет 28-годишната Романка со кипарски пасош побара медицинска помош, но ни таа не ѝ помогна за да го избегне првиот пораз во третиот меѓусебен дуел со 31-годишната тетовка.

 

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top