Спорт

Четири млади надежи ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство во тенис до 16 години

Парма домаќин од денес до 26 септември

Од денес до 26 септември во италијанскиот град Парма ќе се одржува Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16 години. Македонија ќе ја претставуваат по двајца натпреварувачи во секоја конкуренција, а истите играчи ќе настапат и во конкуренција на двојки.

Кај девојките македонскиот тим го претставуваат Сара Митевска и Лина Николовска, а кај момчињата Марко Алексовски и Алексеј Стојановски.

Стојановски во меч од второто коло ќе игра против Томи Лукса од Чешка, додека Алексовски ќе се сретне со победникот од првото коло меѓу Јакуб Јашин (Белорусија) и Николас Шилц Солви (Луксембург). Митевска во второто коло ќе игра против Тинкара Сеп од Словенија, а Николовска за ривалка ја има Андреа Папакирјаку од Кипар.

Во конкуренција на двојки, парот Алексовски – Стојановски во првото коло ќе игра против Колин Ландри и Сем Ван де Лангенберг од Швајцарија, додека Митевска – Николовска ќе се сретнат со Ајше Бол и Танем Јилмаз од Турција.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top