
По загубеното финале во Букурешт, Лина Ѓорческа им се врати на победите на третиот тениски турнир во Курмушлиска Бања, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 60.000 американски долари, кадешто првиот женски рекет на Македонија е втора носителка.
На Ѓорческа, која неделава е 207. на ВТА-листата во сингл, ѝ беа потребни 2:14 часа за да го скрши отпорот на Американката Ели Шоп (612.) и да слави со 6-4, 7-6 (2).
Противничка на 31-годишната тетовка во второто коло утре од 10 часот ќе ѝ биде Анастасија Золотарева (434.) од Русија.