Спорт

БиХ ја нокаутира Италија и ја остави без СП во фудбал третпат во низа!

За својот втор мундијал Босанците се изборија со победата на пенали во Зеница, откако мечот по 120 минути заврши 1:1

Четирикратниот светски шампион во фудбал Италија третпат во низа ќе го гледа мундијалот само на телевизија по поразот на пенали од Босна и Херцеговина во Зеница, откако финалето на баражот по 120 минути игра заврши нерешено 1:1.

БиХ ги реализира сите удари од белата точка, а од Италијанците погоди само Сандро Тонали, па по погодокот на Есмир Бајрактаревиќ стадионот „Билино Полје“ буквално еруптира!

Домаќинот упати дури 30 удари кон противничкиот гол наспроти деветте на избраниците на Џенаро Гатузо, кои поведоа преку Мојзе Кин во 15. минута, а израмни Харис Табаковиќ во 79. минута.

Од 41. минута „аѕурите“ играа без исклучениот Алесандро Бастони.

Босанците ја продолжија агонијата на Италијанците, кои последен пат играа на СП во 2014 година, а на претходното во Катар не се пласираа по поразот од 1:0 против Македонија во полуфиналето од баражот во Палермо.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top