Спорт

Ѓорческа во четвртфиналето во Куршумлиска Бања

Русинката Астахова го предаде мечот при водство на најдобрата македонска тенисерка во вториот сет

Лина Ѓорческа се пласира во четвртфиналето на тенискиот турнир во Куршумлиска Бања, Србија, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 60.000 американски долари.

Како и минатата седмица во полуфиналето во Куршумлиска Бања, Ѓорческа (355. на ВТА-листата во сингл) ја елиминира 23-годишната Русинка Дарја Астахова (798.), која овојпат го предаде мечот по 1:33 часа игра при водство на најдобрата македонска тенисерка од 7-6 (6), 2-0.

Противничка на 31-годишната тетовка во дуелот за полуфиналето утре од 10 часот ќе ѝ биде петтата носителка Аурора Ѕантедески (313.) од Италија.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top