Спорт

Голчиште на Трапановски против Глазгов Ренџерс и Миовски (ВИДЕО)

Македонското лево крило погоди само што влезе во игра во 66. минута во ремито 2:2 на „Иброкс“ во шкотскиот Премиершип

Кристијан Трапановски беше стрелец за Данди јунајтед во ремито 2:2 кај Глазгов Ренџерс во осмото коло од шкотскиот фудбалски Премиершип.

Левото крило со два настапа и за македонската репрезентација погоди само што влезе во игра во 66. минута, и тоа со удар по земја од дваесетина метри, израмнувајќи на 1:1 во тој момент.

За 26-годишниот битолчанец ова е првиот гол сезонава во вториот натпревар по повредата на задната ложа на крајот од јули, вкупно седми за него во сите конкуренции за Данди јунајтед од минатата сезона наваму.

Вториот Македонец меѓу актерите на теренот на „Иброкс“, Бојан Миовски, го одигра целиот меч за Глазгов Ренџерс и имаше два удара кон голот, но не се запиша во листата на стрелците.

„Проектилот“ на Трапановски на линкот.

 

Најнови вести од: Спорт

Тајната улога на поранешната министерка за внатрешни работи во еден од најголемите спортски успеси на Македонија (ВИДЕО)

Во времето кога се градеше златната генерација на македонската кошарка која подоцна ќе го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година, македонските функционери спроведоа брза и успешна акција за натурализација на американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб.

To top