Спорт

Хет-трик на Миовски за Ренџерс во Купот на Шкотска (ВИДЕО)

Македонскиот репреентативен напаѓач придонесе со три гола за победата од 5:0 над нисколигашот Анан во Глазгов

Бојан Миовски придонесе со три гола за победата на Глазгов Ренџерс од 5:0 против четвртолигашот Анан во 1/16-финалето на фудбалскиот Куп на Шкотска.

Напаѓачот на македонската репрезентација го отвори резултатот во 12. минута, зголеми на 2:0 со глава во 32. минута и погоди од пенал во 74. минута за тогашни 4:0 за домаќинот.

Со својот прв хет-трик во дресот на „полицајците“, 26-годишниот штипјанец стигна до вкупно 8 погодока за нив, а има и една асистенција, во својата прва сезона од тригодишниот договор со клубот.

Rangers 1-0 Annan – Bojan Miovski 12′
byu/Meladroit10 insoccer

Rangers 2-0 Annan – Bojan Miovski 32′
byu/Meladroit10 insoccer

Rangers 4-0 Annan – Bojan Miovski penalty 75′
byu/Meladroit10 insoccer

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top