Спорт

Ивановски скокна 438 места на АТП-листата, Ѓорческа 14 на ВТА-ранкингот

Приходко највисоко рангиран меѓу македонските тенисери на 400. место, Калин е 710., а Ѓорческа 208. меѓу тенисерките

Финалето во Загреб и триумфот во Скопје му донесоа напредок на Калин Ивановски од 438 места на најновата АТП-листа по Вимблдон, на која македонскиот тениски репрезентативец се искачи на 710. место.

Лина Ѓорческа, пак, благодарејќи на историскиот успех во трите квалификациски кола и настапот како прв(а) од Македонија на главниот турнир на неофицијалното светско првенство во тенис, скокна 14 позиции на ВТА-листата, на која неделава е 208. Најдобрата македонска тенисерка попладнево го загуби маратонот од 2:46 часа против Дебора Киеза (354.) од Италија на стартот од челинџерот ВТА 125 во Рим.

Олег Приходко, кој на крајот на мај се префрли од украинската на македонската тениска листа, е највисоко рангиран тенисер од Македонија со 400. место на АТП-ранкингот, 28 места погоре од претходното рангирање, а на неа е и Обрад Марковски на 1910. место.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top