Спорт

Ѓорческа ќе игра во квалификациите за Австралија опен

Најдобрата македонска тенисерка е меѓу пријавените за првиот гренслем турнир во сезоната како 204. на ВТА-листата во сингл

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа и официјално е меѓу пријавените за квалификациите за првиот гренслем турнир во сезоната Австралија опен.

На истекот од конечниот рок за пријавување 22 декември таа се наоѓаше на 204. место на ВТА-листата во поединечна конкуренција, а највисоко рангирана меѓу учесничките во квалификациите е Полина Кудерметова од Узбекистан на 104. позиција.

Токму во Мелбурн 31-годишната тетовка беше најблиску да стане првата Македонка што заиграла на еден од четирите најсилни тениски турнири во сезоната кога во 2017 година стигна до третото и последно квалификациско коло и загуби во три сета против Штефани Фегеле од Швајцарија.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top