Во победата на Аргентина над Швбајцарија од 3:1 во четвртфиналето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада капитенот на бранителот на титулата Лионел Меси постави уште два рекорда на мундијалите.
Тој го одигра својот 15. натпревар во елиминациите, надминувајќи го Мирослав Клозе од Германија со 14, а стана и првиот фудбалер со 10 асистенции, откако нафрли од корнер за голот на Алексис Мекалистер во 10. минута.
Халфот на Англија, Џуд Белингам, пак, стана првиот играч по 1986 година што дал два или повеќе гола во два меча едноподруго од елиминациската фаза на СП.
Фудбалерот на Реал Мадрид беше двоен стрелец во победите над Норвешка од 2:1 во четврфиналето и против Мексико од 3:2 во осминафиналето.
Белингам со 23 години и 13 дена е и вториот најмлад играч кој го остварил тоа по легендарниот Бразилец Пеле, кој на СП 1958 постигна по два или повеќе погодока на два врзани елиминациски меча на возраст од 17 години и 249 дена.