Спорт

Миовски може да дебитира за Глазгов Ренџерс веќе утре против Селтик!

Македонскиот напаѓач се спаси во последен час од голготата во Жирона и ќе биде „ренџер“ до 2029 година

Сите услови се исполнети Бојан Миовски да го одигра првиот натпревар за Глазгов Ренџерс утре од 13 часот во најголемото шкотско дерби со Селтик на „Иброкс“, откако македонскиот напаѓач потпиша четиригодишен договор со „ренџерите“.

„Пресреќен сум што сум тука. Ова е голем клуб со неверојатна историја и почестен сум со можноста да бидам дел од него“, изјави повратникот во шкотскиот фудбал.

Репрезентативецот на Македонија, кој пред истекот на преодниот рок се спаси од голготата во Жирона, кадешто не ја доби шансата што ја заслужи како стрелец на 44 гола во 98 настапи за Абердин, навреме е регистриран за новиот клуб, чиј дрес првпат треба да го облече утре, и тоа како стартер!

За 26-годишниот штипјанец, кој видно расположен го одработи првиот тренинг со новиот тим, Глазгов Ренџерс наводно платил отштета од 3,5 милиони евра плус 3 милиони евра додатоци и клаузула за продажба од 20 отсто за Жирона.

Миовски ќе го носи дресот со број 28.

Најнови вести од: Спорт

Тајната улога на поранешната министерка за внатрешни работи во еден од најголемите спортски успеси на Македонија (ВИДЕО)

Во времето кога се градеше златната генерација на македонската кошарка која подоцна ќе го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година, македонските функционери спроведоа брза и успешна акција за натурализација на американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб.

Најнови вести

To top