Спорт

Миовски стрелец за Ренџерс во ремито кај Фалкирк (ВИДЕО)

Втор погодок на македонскиот напаѓач за „полицајците“, прв во шкотскиот Премиершип по тој во Лига купот

Бојан Миовски погоди за Глазгов Ренџерс во ремито 1:1 на гостувањето кај Фалкирк во седмото коло од шкотскиот фудбалски Премиершип.

Напаѓачот на македонската репрезентација ги доведе во водство „полицајците“ во 41. минута, но неговиот тим повторно не победи, забележувајќи го петтиот нерешен резултат.

За 26-годишниот штипјанец ова е втор погодок за Ренџерс, прв првенствен, откако се запиша во листата на стрелците и во победата од 2:0 во Лига купот против Хибернијан.

Репрезентативецот на Македонија играше до 61. минута, кога беше заменет од Португалецот Шермити, најскапата аквизиција на Ренџерси, вредна 7,4 милиони евра, за разлика од 2,3 милиони на Македонецот.

Голот на Миовски против Фалкирк на линкот.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Тајната улога на поранешната министерка за внатрешни работи во еден од најголемите спортски успеси на Македонија (ВИДЕО)

Во времето кога се градеше златната генерација на македонската кошарка која подоцна ќе го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година, македонските функционери спроведоа брза и успешна акција за натурализација на американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб.

To top