Спорт

„Наполи секогаш ќе биде со тебе“: Вицепрвакот на Италија се збогува со Елмас

Клубот од Неапол му посака среќа на македонскиот „дијамант“, кому му заврши ангажманот како зајмен играч од Лајпциг

Фудбалскиот клуб Наполи со објава на социјалните мрежи го означи крајот на ангажманот на Елиф Елмас како зајмен играч од Лајпциг.

„Наполи секогаш ќе биде со тебе. Среќно, Елиф“, објави на Икс вицепрвакот на Италија, ставајќи дијамант на крајот од пораката наменета за 26-годишниот играч за врска на македонската репрезентација.

Во минатата сезона Елмас одигра 33 натпревари за тимот од Неапол, во кои постигна еден гол и запиша две асистенции, но тренерот Антонио Конте беше задоволен од неговиот придонес за екипата што не се мери со бројки.

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top