Спорт

Огненовски нов тренер на австралискиот фудбалски прволигаш Мекартур

Македонецот по татко и ексрепрезентативец на Австралија доаѓа на клупата на А-лигашот на местото на Миле Стерјовски

Некогашниот фудбалски репрезентативец на Австралија, Саша Огненовски, Македонец по татко, е нов тренер на тамошниот прволигаш Мекартур, со кој потпиша договор на две години.

Дефанзивецот со 22 настапи и еден гол за „сокероси“ доаѓа на местото на уште еден австралиски ексрепрезентативец со македонско потекло Миле Стерјовски, а досега беше асистент и директор за фудбал во најпопуларниот спортски колектив на Македонците на петтиот континент Престон лајонс.

Огненовски во 2010 година беше прогласен за фудбалер на годината во Азија, откако со јапонски Сеонгнам ја освои Азиската лига на шампионите, а две години претходно беше втор, зад Горан Пандев, во изборот на македонски фудбалер на годината.

За време на селекторувањето на Среќко Катанец доби повик за пријателскиот натпревар со Молдавија, но не заигра од административни причини.

 

 

 

Најнови вести од: Спорт

To top