Спорт

Престон лајонс со лавовски исчекор кон четвртфиналето на Австралискиот шампионат

Македонските „лавови“ славеа со пресврт над Квинсленд лајонс со 3:1 и се искачија на врвот во групата на едно коло до крајот

Фудбалерите на „македонскиот“ Престон лајонс забележаа убедлив триумф од 3:1 над директниот ривал Квинсленд лајонс и се на „милиметар“ од четвртфиналето во Австралискиот шампионат.

Клубот формиран во 1947 година во Мелбурн како Престон Македонија се искачи на врвот на табелата во групата Д и во последното коло на 19 ноември повторно на свој терен против отпишаниот Саут Хобарт ќе му биде доволно реми за пласман меѓу осумте најдобри екипи во вториот ранг на натпреварување на петтиот континент.

Најпопуларниот спортски колектив на македонската заедница во Австралија до трите бода стигна со пресврт, откако гостите поведоа по девет минути игра.

На прагот на четвртфиналето е и другиот македонски тим Бродмидоу меџик, основан во 1966 година како Њукасл Македонија, кој в недела како второпласиран во групата Б ќе го пречека директниот конкурент Авондејл.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top