Спорт

Северна дефинитивно оди во историја, кошарката пак ќе биде – Македонска !

На претстојното Собрание на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), закажано за 25 август, една од клучните точки на дневен ред ќе биде враќањето на оригиналното име на федерацијата, со отстранување на придавката „Северна“

kfsm.mk/

На претстојното Собрание на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), закажано за 25 август, една од клучните точки на дневен ред ќе биде враќањето на оригиналното име на федерацијата, со отстранување на придавката „Северна“. Оваа промена означува крај на контроверзната епизода што предизвика силни реакции кај јавноста, бидејќи кошарката беше еден од ретките спортови каде придавката беше додадена во името на националната федерација.

Пред шест години, за време на Собранието на кое Перо Антиќ беше избран за претседател на МКФ, беше воведена придавката „Северна“. Сега, со доаѓањето на Томица Главчев на чело на федерацијата, се отвори можност за корекција на името, враќајќи го достоинството на македонската кошарка. За разлика од МКФ, другите големи спортски федерации, како оние за фудбал, ракомет и одбојка, не ја имплементираа оваа придавка по потпишувањето на Преспанскиот договор.

Посветеноста на новото раководство кон оваа промена беше видлива и за време на претквалификациите за Светското првенство 2027, кога македонската репрезентација настапи без придавката „Северна“ на дресовите, користејќи само го меѓународниот код на државата – МКД.

Покрај ова, на Собранието ќе се разгледуваат и други важни точки, вклучително усвојување на финансиските извештаи за 2023 и 2024 година, како и мали измени во Регистрацискиот правилник, Деловникот за работа на Собранието и Статутот на МКФ. Овие промени се очекува да бидат од формален карактер, со цел подобрување на организациската структура на федерацијата.

Најнови вести од: Спорт

Турска убавина за европски Тиквеш

Летово, фудбалскиот клуб Тиквеш започна нова ера во својата историја по преземањето од германскиот инвеститор со турско потекло, Осман Таш. Тој воведе своја раководна структура со цел да имплементира европски стандарди во сите аспекти на клубот.

To top