Спорт

Данел Донгмо од Вардар се сели во романското првенство

Камерунскиот фудбалер Данел Донгмо ја заврши својата епизода во Вардар и ќе ја продолжи кариерата во романското првенство.

facebook.com/FKVardarSkopje

Камерунскиот фудбалер Данел Донгмо ја заврши својата епизода во Вардар и ќе ја продолжи кариерата во романското првенство.

Локалните медиуми известуваат дека тој веќе пристигнал во Плоешти за да потпише договор со Петролул, со цел да го засили тимот кој по шест кола во првенството е позициониран на десеттото место со освоени шест бода. Во Петролул, Донгмо се очекува да го замени Тидиане Кеита, кој во текот на летото се пресели во Клуж.

Камерунскиот напаѓач се приклучи на Вардар во 2024 година, доаѓајќи од францускиот клуб Троа. Интересно е што во јуни, за време на подготовките на „црвено-црните“ во Словенија, тој го продолжи договорот со клубот до 2027 година.

Неговата пазарна вредност се проценува на околу 150.000 евра, но засега не е познато колку Вардар ќе добие од неговата продажба. Ова лето, Донгмо одигра четири меча во Конференциската лига и два во домашното првенство, при што не постигна гол, но забележа три асистенции – една против Ла Фиорита на домашен терен и две против Пелистер.

Најнови вести од: Спорт

Тајната улога на поранешната министерка за внатрешни работи во еден од најголемите спортски успеси на Македонија (ВИДЕО)

Во времето кога се градеше златната генерација на македонската кошарка која подоцна ќе го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година, македонските функционери спроведоа брза и успешна акција за натурализација на американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб.

To top