Спорт

Шкендија ќе патува со предност на реваншот со ФЦСБ во Букурешт

Фудбалскиот првак на Македонија подобар од романскиот во второто квалификациите за Лигата на шампионите

Македонскиот фудбалски првак Шкендија славеше со 1:0 против романски ФЦСБ во првиот натпревар од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Стрелец на единствениот гол на Националната арена „Тодор Проески“ беше играчот за врска од Нигерија, Адаму Алхасан, во 65. минута, а мечот го обележаа и црвените картони на Камер Чака од Шкендија во 70. минута и на Флорин Танасе од ФЦСБ во 79. минута.

Гостите упатija 21 удар кон противничкиот гол наспроти деветте на тетовци, кои, сепак, патуваат со предност на реваншот со некогашниот европски шампион порано познат како Стеауа.

Возвратниот дуел е закажан за 30 јули од 19:30 ч. на Националната арена во Букурешт, каде што пред четири години репрезентацијата на Македонија дебитира на големите натпреварувања со средбите против Австрија и Украина на Европското првенство.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top