Спорт

Со триумф и во Букурешт, Шкендија останува во трката за Лигата на шампионите!

Македонскиот првак славеше со 2:1 по пресврт против ФЦСБ, а во третото квалификациско коло ќе игра со Карабах од Азербејџан

Победувајќи го ФЦСБ и во Букурешт со 2:1, откако во Скопје го совладаа со 1:0, фудбалерите на Шкендија се пласираа во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите, обезбедувајќи настап на европската сцена и наесен како втора македонска екипа по Вардар на која ѝ успеало тоа.

Историска димензија на успехот на тетовци им дава и елиминацијата на некогашен освојувач на Купот на европските шампиони, кој во 2017 година го смени името од Стеауа во ФЦСБ.

Италијанскиот напаѓач Јури Чизоти му донесе водство на првакот на Романија во 28. минута, а целосен пресврт за гостите од Македонија донесоа напаѓачот Лиридон Љатифи од Албанија во 33. минута и играчот за врска Ване Крстевски три минути пред крајот, откако во 69. минута го замени токму Љатифи.

Во следната рунда од квалификациите за најсилното клупско натпреварување на стариот континент шампионот на Македонија за противник ќе го има Карабах од Азербејџан, кој со вкупни 4:0 го исфрли Шелбурн од Ирска, откако го совлада и вечерва на свој терен со 1:0.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top