Спорт

Вардарци ќе поделат премија од 250 илјади евра за 12. шампионска титула

Веднаш по дербито со Шкендија в недела во Скопје најтрофејниот македонски фудбалски клуб ќе организира прослава

Фудбалерите на Вардар ќе поделат вкупна премија од 250 илјади евра за 12. титула првак на Македонија, обезбедена со вчерашната победа од 1:0 во Струга во претпоследното коло, објави извршниот директор на клубот Миленко Неделковски.

Веднаш по дербито со досегашниот шампион Шкендија в недела од 17 часот во Скопје најтрофејниот македонски фудбалски клуб ќе организира прослава на освоениот шампионски пехар во 34. сезона од Првата македонска фудбалска лига.

Потоа „црвено-црните“ ќе заминат на одмор, а собирот за наредната сезона, во која ги очекуваат квалификациите за Лигата на шампионите, е закажан за 8 јуни. Три дена подоцна новиот шампион на Македонија заминува на подготовки во Норчија, Италија.

 

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top