Спорт

Весела новогодишна порака од македонските ракометари (ВИДЕО)

Момците во моментов се подготвуваат за настап на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во Данска, но одвоија време да им се обратат на фановите со добри желби за новата година.

Македонските ракометни репрезентативци и стручниот штаб на националниот тим објавија забавно и емотивно новогодишно видео за честитка на Нова 2026 година до сите граѓани.

Во видеото објавено од Ракометната федерација на Македонија, играчите и тренерскиот тим со насмевки и празничен дух посакуваат среќна и успешна Нова година, исполнета со здравје, радост и спортски успеси.

Честитката е исполнета со хумор и топлина, типична за ракометната фамилија, и брзо стана вирална на социјалните мрежи.

Ракометната федерација на Македонија традиционално објавува вакви честитки, а оваа година посебно радува во пресрет на новите предизвици на репрезентацијата.

Среќна Нова 2026 година од македонските ракометари!

 

Најнови вести од: Спорт

Последните ангажмани му траеја пократко од јогурт во супермаркет! – Претседателот се вклучи во уличната војна во ФФМ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, денеска остро возврати на критиките на поранешниот селектор Игор Ангеловски околу изборот на Гоце Седлоски за нов селектор на А репрезентацијата.

To top