Спорт

Видео на денот: „Бисер балкански“ во изведба на „Престон Македонија ултрас“

Навивачите на Престон лајонс го прославија освоениот Докерти куп со патриотската химна од Гоце Николовски

Не стивнува еуфоријата што ја зафати македонската заедница во Австралија по триумфот на фудбалерите на Престон лајонс во Докерти купот на државата Викторија со 3:1 против клубот на австралиските Грци, Хајделберг, во финалето во Мелбурн, а во славењето предничи навивачката група „Престон Македонија ултрас“.

Нивната изведба на „Бисер балкански“ од трибините на стадионот „Лејксајд“ (на линкот) во видеото на денот ја отсликува радоста на Македонците од петтиот континент од освојувањето на првиот куп-трофеј по 34 години во натпреварувањето што датира од далечната 1909 година.

Прославата потоа продолжи заедно со фудбалерите во просториите на најпопуларниот спортски колектив меѓу Македонците од Австралија и повторно ја зачини патриотската химна на Гоце Николовски (на линкот).

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

Најнови вести

To top