Свет

Аларм: Сегашната криза со нафта е посериозна од кризите во 1973, 1979 и во 2022 година заедно

Како реакција на нападите од Израел и САД, Иран од 28 февруари речиси целосно го блокира сообраќајот во Ормускиот Теснец, низ кој нормално минуваат речиси 20 проценти од светската нафта и гас, што предизвика ненадејно зголемување на цените на енергијата.

Сегашната криза со нафтата и со гасот предизвикана од блокадата на Ормускиот Теснец е посериозна од кризите во 1973, 1979 и во 2022 година заедно, изјави Фатих Бирол, шеф на Меѓународната агенција за енергија (МАЕ).

  • Светот никогаш не доживеал прекин на снабдувањето со енергија од ваков обем – рече тој во интервју за францускиот весник Ле Фигаро.

Тој додаде дека ќе бидат погодени европските земји, како и Јапонија, Австралија и други. Но, најранливи се земјите во развој, кои ќе страдаат поради повисоките цени на нафтата и на гасот, повисоките цени на храната и општото забрзување на инфлацијата.

  • Земјите членки на МАЕ минатиот месец се согласија да ослободат дел од своите стратешки резерви. Некои од нив веќе се пуштени на пазарот и процесот продолжува – рече Бирол.

Како реакција на нападите од Израел и САД, Иран од 28 февруари речиси целосно го блокира сообраќајот во Ормускиот Теснец, низ кој нормално минуваат речиси 20 проценти од светската нафта и гас, што предизвика ненадејно зголемување на цените на енергијата.

Најнови вести од: Свет

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

„Политико“: Црна Гора и Исланд можат заедно во ЕУ, која отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

Златото блеска: Цената расте, инвеститорите бараат сигурност

Цената на златото продолжува да расте и се движи кон најсилната недела од почетокот на годината, бидејќи инвеститорите повторно го гледаат благородниот метал како сигурно засолниште во услови на глобална економска неизвесност.

Трамп бара да нема веќе „државјанство по раѓање“ во САД

Меѓу 20.000-25.000 мајки практикуваат „туризам за породување“ во САД секоја година. гарантиран од 14-тиот амандман на Уставот усвоен во 1868 година и општо прифатеното толкување на неговиот текс којт гарантира државјанство на речиси секој роден во САД

Топлото време урива рекорди во Европа

Бруталната топлина и континуираните услови на суша се преоптоварени од климатската криза, а експертите предупредуваат дека тие вршат огромен притисок врз локалното население, критичната инфраструктура и дивиот свет низ целиот регион.

To top