Свет

Италија предлага да се прифаќаат во мигрантски кампови навор од ЕУ

Планот предвидува обработката на барањата за азил да се врши во трети земји, при што италијанската влада како успешен модел го посочува својот двостран договор со Албанија

Италијанската влада предводена од премиерката Џорџа Мелони планира да иницира дебата во Брисел за преместување на процесот за азил надвор од ЕУ. Според планот, лицата фатени во меѓународни води ќе бидат префрлани во центри во соседни или партнерски земји, каде што ќе се одлучува за нивниот статус пред евентуален влез на европска територија. Рим го истакнува договорот со Тирана, кој овозможи изградба на два такви центра на албанска територија под италијанска јурисдикција, како функционален модел за целата Унија.

 Предлогот официјално ќе биде претставен на претстојниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ.

Идејата наидува на поделени реакции меѓу членките на ЕУ. Додека дел од државите бараат построги контроли и побрза депортација, организациите за човекови права и дел од правните експерти предупредуваат на потенцијални прекршувања на меѓународното право и хуманитарните стандарди.

Италијанскиот предлог на претстојниот министерски состанок ќе тестира колку членките се подготвени да прифатат радикални промени во заедничкиот систем за азил.

Најнови вести од: Свет

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување, за да не биде блокирана, а угледот на Урсула Лаен е на коцка!

„Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен се подготвува за борба со главните градови на ЕУ околу плановите за прием на нови членки. Taa има само неколку седмици да ги убеди дека може да се справува со опасностите од проширување на евроблокот. Угледот на Урсула фон дер Лаен е на коцка.“ – пишува денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“ во својата статија со наслов „Операција за одблокирање“.

To top