Свет

Абас Арагчи на средба со Владимир Путин

Русија и Иран се долгогодишни партнери, а Москва беше клучен дипломатски сојузник на Техеран за време на неговиот конфликт со САД

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, утрово пристигна во Санкт Петербург, каде што треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Фокусот на разговорите ќе биде на координирање на активностите и унапредување на заедничките програми на регионално и меѓународно ниво, објави иранскиот амбасадор во Москва, Казем Џалали, на социјалната мрежа X, пренесува CNN.

Русија и Иран се долгогодишни партнери, а Москва беше клучен дипломатски сојузник на Техеран за време на неговиот конфликт со САД.

Кремљ претходно понуди да го преземе збогатениот ураниум на Иран за складирање или преработка на руска почва, но понудата наводно била одбиена од тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Партнерството беше дополнително зајакнато во јануари минатата година, кога двете земји потпишаа 20-годишен договор за економска, воена и политичка соработка. Иако Русија ги смета нападите на САД врз Иран за „неиспровоцирана агресија“, важно е да се напомене дека потпишаниот договор не вклучува клаузула за заемна одбрана.

Посетата на Русија е последната етапа од странската турнеја на Арагчи, за време на која тој се сретна и со клучните медијатори во Пакистан и Оман во неделата.

 

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top