Свет

Администрацијата на Трамп го продолжува ангажманот на Националната гарда во Вашингтон

Белата куќа: Забележано е значително намалување на криминалот

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да го продолжи ангажманот на припадниците на Националната гарда во Вашингтон до истекот на неговиот претседателски мандат, потврди Пентагон.

Според соопштението, мисијата ќе трае до 20 јануари 2029 година, освен ако претходно не биде прекината со одлука на претседателот.

Припадниците на Националната гарда беа распоредени во главниот град на САД врз основа на извршна наредба што Трамп ја потпиша во август 2025 година, со образложение дека мерката е потребна за сузбивање на криминалот во Вашингтон.

Белата куќа соопшти дека од почетокот на операцијата е забележано намалување на криминалот и дека заедничката оперативна група извршила околу 12.000 апсења, меѓу кои и на припадници на криминални групи, како и заплена на големо количество нелегално огнено оружје.

Од друга страна, претставници на округот Колумбија ги оспоруваат тврдењата дека распоредувањето на Националната гарда е главната причина за намалувањето на криминалот. Тие наведуваат дека бројот на кривичните дела опаѓал и пред почетокот на мисијата, а претседателот на Советот на округот Колумбија, Фил Менделсон, оцени дека присуството на вооружени војници на улиците на американската престолнина не е соодветно и претставува дополнителен товар за даночните обврзници.

Во текот на ангажманот, припадниците на Националната гарда патролираат по улиците, метро-станиците, парковите и туристичките локации, им даваат поддршка на локалните безбедносни служби и учествуваат во интервенции при вонредни состојби. Тие, сепак, немаат овластување самостојно да приведуваат осомничени лица.

За разлика од сојузните држави, претседателот на САД има директна контрола врз Националната гарда во Вашингтон, што му овозможува да ја распоредува без согласност од локалните власти.

Најнови вести од: Свет

Гасот ја засени нафтата, станува главен ризик за инфлацијата во Европа

Природниот гас ја престигна нафтата и стана најголемата грижа за трговците со европски обврзници, бидејќи намалените залихи на клучното гориво се закануваат повторно да ја поттикнат инфлацијата.

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top