Германската партија „Алтернатива за Германија“ (АфД) во среда ги претстави своите предлози за темелен преуредување на Европската Унија. На прес-конференција во Европскиот парламент во Стразбур, сопретседателката Алис Вајдел изјави дека Унијата во сегашната форма повеќе не претставува група суверени држави и дека компетенциите мора веднаш да се вратат на националните парламенти и влади.
„За мене Европската Унија повеќе не е група суверени држави“, изјави Вајдел. Таа остро ја критикуваше Европската комисија, која не е директно избрана, а единствена има право да предлага закони што важат низ цела Унија. Според неа, тоа претставува „масовно нарушување на системот на взаемна контрола и на демократскиот процес на одлучување“. Затоа, нагласи, ЕУ мора да се изгради одново, а надлежностите да се вратат на националните парламенти и влади.
Во стратешкиот документ што го претставија Вајдел и европратениците на АфД Рене Ауст и Александар Сел, се предвидува укинување на директните избори за Европскиот парламент. Наместо тоа, националните парламенти би испраќале делегати. Европскиот совет, составен од шефовите на државите и влади, би станал главното тело за одлучување. Комисијата би била сведена на чисто административна улога, а Европскиот суд на правдата би бил заменет со арбитражен трибунал.
Партијата бара и право на „opt-out“ – можност земјите-членки да се повлечат од одделни договори. Како пример Вајдел го наведе Шенгенскиот простор: ако тој не функционира, Германија мора да има право да се повлече и да ги штити сопствените граници. Во области како миграцијата, даноците и социјалната политика националното право треба повторно да има предност над европското.
Вајдел посочи и на економските последици. Според неа, Европјаните брзо осиромашуваат под влијание на валута што не ги исполнува очекувањата, додека Унијата губи глобално влијание во споредба со САД, Русија и Кина. Документот бара темелно преуредување на евросистемот: Европската централна банка да се ограничи строго на мандатот за стабилност на цените, а гласот на Германија во Советот на ЕЦБ да добие поголема тежина.
Предлозите на АфД се блиски до ставовите што неодамна ги изнесе и француската политичарка Марин Ле Пен, која бара Комисијата да се сведе на „секретаријат“ во служба на нациите. АфД нагласува дека не бара непосредно излегување од Унијата или од еврозоната, туку реформа одвнатре. Доколку преговорите за нови договори пропаднат, во документот се остава отворена можност за референдум за идниот европски и валутен пат на Германија.
Со оваа иницијатива АфД се обидува да се позиционира како сила што бара Европа на суверени нации, со значително намалени надлежности, буџет и бирократија на Брисел. Предлозите, презентирани само еден ден откако станаа јавни деталите од стратешкиот документ, веќе предизвикаа силни реакции во европските институции и во германската политика.
🇩🇪🇪🇺 Germany’s AfD just demanded a total overhaul of the European Union
Party leader Alice Weidel is demanding that power be stripped from the EU and returned to national governments immediately.
She warned that Europeans are rapidly becoming poorer under a failing currency and is even asking for the right to completely opt out of European treaties.
She also claims the EU is losing all global power against the U.S., Russia, and China. The entire system is facing a massive shakeup.
Source: DWcom / Writer: Bri
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 22, 2026